Продажба, Одржување и Изведба на електрика
Марк Комерц е пазарно ориентирана компанија, која своите продажни активности ги реализира преку директна комуникација со клиентите, со цел подобро разбирање на нивните потреби. Оттука, нашата мисија е квалитетно а пред се навремено опслужување на клиентите. Нашето мото е „Вашиот бизнис. Сега.“
Марк Комерц е компанија која секојдневно ги следи светските технолошки достигнувања и иновации во полето на енергетската ефикасност. Фокусот на нашиот тим е максимално приближување на технолошките иновации кон нашите клиенти. Во иднина се гледаме како лидер во регионот во креирање на енергетски ефикасни домакинства и компании, кои ке придонесат во зачувување на животната средина.
Денешното динамично бизнис опкружување налага избор на сигурни бизнис партнери. Затоа одберете партнер кој е пазарно ориентиран и нуди беспрекорен квалитет, брзина и пристапни цени.
Услуги
Нашите услуги се базираат пред се врз основа на енергетска ефикасност, квалитет и доверливост. Со континуирано подобрување на квалитетот на услугите, пред се со набавката на квалитетни материјали и следење на најновите технолошки достигнувања и трендови, Марк Комерц се етаблираше како сигурен партнер за вашиот бизнис.
70% Заштеда
Philips ЛЕД
Mark Light е концепт на професионално индустриско осветлување. Концептот се темели на голема заштида (до 70%), квалитет, долг животен век на светилките, за што говори гаранцијата од 5 години.